(ВИДЕО) Најскапата елка на светот: Црни дијаманти, злато и долари

Од:

Празниците доаѓаат, а со нив и украсувањето на новогодишните елки.

Шпанскиот хотел „Кемпински“ Баија реши оваа година да ја накити најскапата елка на светот.

Елката во фоајето на хотелот е висока речиси 6 метри и е украсена со розови, црвени, бели и црни дијаманти. Црвениот овален од 5,5 милиони американски долари е највредниот украс на дрвото. На елката имаи розов дијамант вреден 2,6 милиони американски долари, како и девет црни дијаманти за кои се верува дека чинат 590 000 долари парче. Исто така, елката е украсена со голем број рачно изработени украси како снегулки и монистра изработени од вистински дијаманти и 24 каратно злато од луксузни производители.

Едни од најекстравагантните украси на дрвото се Божиќните топки проценети на 100.000 долари и лажни банкноти од 1 милион долари обложени со 24-каратно злато вредно 1,3 милиони долари.

Елката е дизајнирана од познатата британска дизајнерка Деби Вингам, која пред само неколку години го привлече вниманието на светските медиуми како автор на најскапата свадбена торта, проценета на 75 милиони долари.

Исто така, Вингам влезе во историјата минатата година како дизајнер на најскапите чевли со пета што ја направи од розови и сини дијаманти во вредност од 17 милиони долари.

Американскиот весник на „Њујорк Пост“ објави дека вредноста на украсите на ова дрво може да обезбеди доживотно снабдување со чиста вода за цел град во африканската држава Танзанија. За споредба, едно од најпознатите дрвја на светот пред Рокфелер центарот чини 74.000 долари.

Би можело да ве интересира

Нови Сад: Прославата на новогодишната ноќ е откажана од почит кон жртвите во трагичната несреќа

Горан Наумовски

Колку луѓе ја дочекаа Нова година на небото? Во моментот на пристигнување на 2024 летале 10.560 авиони

А1он

Ковачевски со новогодишна честитка: Среќна Нова 2024, можеме, знаеме и умееме да обезбедиме подобар живот за сите

А1он

Првото бебе во 2024 година е машко: Се роди точно на полноќ

А1он

Новата година веќе пристигна во Кирибати

Нема огномет на плоштад за Нова Година, Град Скопје ќе ги донира парите

Катерина Ѓуровски