Луѓето кои анализираат разговори на други луѓе со своите дигитални помошници, како што се „Алекса“ на Амазон и „Сири“ на Епл, ја оценуваат својата работа како истоштувачка и деликатна.
Нивната цел е подобрување на технолошки автоматизираниот разговор. Но, стручњаците откриваат дека анализите на коментарите откриваат детали од сексуалниот живот на луѓето, или пак – негово отсуство.
Според „Блумберг бизнисвик“, тоа во извесна мера ја доведува во прашање приватноста на корисниците. Во написот, еден од оние кои работат на функциите на вештачката интелигенција Алекса, раскажува дека работата негова вклучува и прислушување записи на самотници што „флертувале” со дигиталниот соговорник и му доверувале тајни, меѓу кои и своите сексуални фантазии за, на пр. – силување.
Корисниците на Амазон на својот профил имаат и опција „Доверливо со Алекса”, за наводна неупотреба на записот за испитување нови функции.
Други сведоштва говорат дека се знае и кога некој преку интернет порачува секс-играчки, или како на една празнична вечера некој коментирал како Амазон ги прислушкува.
Сè тоа, некако потсетува на романот на Џорџ Орвел – „1984″, или пак, на сведоштвата на Едвард Сноуден за нарушување или контрола на приватноста преку технологијата.
Службениците најмени од Епл, пак, кои работат на „Сири“, раскажуваат како морале, на дневна основа, да дешифрираат 1.300 одломки од приватни и интимни разговори.
Компаниите, сепак, нагласуваат дека ја почитуваат приватноста на своите корисници.