Нова средба денеска на Самоопределување и Демократскиот сојуз на Косово

Од:

Партиите победнички на вонредните парламентарни избори во косово, Движењето Самоопределување (ВВ) и Демократскиот сојуз на Косово денеска ќе остварат нова средба во обид да постигнат договор за формирање на новата влада, јави порталот „Газета експрес“.

Денешната средба, во соопштение до медиумите, ја потврди потпретседателот на ВВ Глаук Коњуфца, најавувајќи дека „состанокот ќе продолжи таму каде што застана во саботата вечерта“.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, работните групи на двете партии, предводени од лидерите Албин Курти (ВВ) и Иса Мустафа (ЛДК), ниту по вчерашниот состанок кој траеше повеќе од три часа не успеаја да постигнат договор, иако тоа го најавуваа извори од двете страни.

До застој во преговорите меѓу двете досега опозициски партии, кои започнаа веднаш по објавувањето на првичните резултати од гласањето на 6 октомври, дојде откако ЛДК истапи со барање да ја преземе функцијата претседател на државата, откако во април 2021 година ќе му заврши мандатот на актуелниот претседател Хашим Тачи.

Конститутивната седница на новото Собрание на Косово, произлезено од вонредните парламентарни избори одржани на 6 октомври, претседателот Тачи го свика за 26 декември, што е последниот законски рок, со оглед дека Централната изборна комисија ги сертификува изборните резултати на 27 ноември.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски