Во Валона блокирани 2,1 тони пилешко месо од Полска поради салмонела

Од:

Регионалната дирекција на албанската Национална агенција за храна во приморскиот град Валона, блокираше 2.130 килограми пилешко месо.

Од месото, што е потекло од Полска, веднаш по пристигнувањето земени се мостри и од анализата било утврдено присуство на салмонела (Salmonella Enterica Ser. Enteritidis).

Пратката прстигнала кај правен субјект што се занмавал со „трговија со млечни и месни производи“

-Кај субјектот прстигна пратка од 2.130 килограми непреработено пилешко месо, спакувано во картонски кутии во тежина од по10 килограми и замрзнато на -18 степени Целзиусови. По извршените анализи беше потврдено присуство на Салмонела“, информираа од албанската Национална агенција (АКУ).

Месото ќе биде унштено.

Во септември, во Драч агенцијата забрани увоз на 27 тони пилешко месо од Бразил, а наменето за албанскиот пазар откако беше констатирано дека е небезбедно за консумирање.

Кусо пред тоа беше забранет влез на вкупно 387,1 тони свинско и пилешко месо увезени од Бразил, Канада и Кипар и беа вратени назад во земјата на потекло. Од вкупната колична, 53 тони беа со крајна дестинација Косово.

Од поодамна албанската агенција за храна врши ригорозна контрола на месото бидејќи честопати трговците увезуваат месо што е проблематично за исхрана.

Би можело да ве интересира

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Полски министер за одбрана: Полјаците се огорчени кога гледаат млади Украинци во кафулињата

Горан Наумовски

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија