Грчката полиција уништи над два и пол тони заплeнета дрога

Од:

Спакувани во 173 пакети, грчката полиција запали различни видови на дрога запленети во повеќе случаи во изминатиот период.

Како што соопшти портпаролката на грчката полиција, Јоана Роѕиоку, со палење биле уништени околу 86 килограми хероин, над 64 килограми кокаин, два тона и 616 килограми суров канабис, 6,5 килограми обработен канабис, 4.334 садници канабис, како и 306 таблети.

Дрогата што била запалена е откриена во над 100 случаи на производство, транспорт или трговија со дрога.

Уништување на запленетата дрога е редовна пракса на грчката полиција, а последен пат е извршено на 12 јуни годинава.

Портпаролката на грчката полиција истакна дека од јанураи до ноември 2019 биле откриени над 12 илјади случаи со дрога, за вмешаност во нив биле уапсени над 14.400 лица, а биле запленети околу 11 тони канабис, над 365 килограми хероин, околу 228 килограми кокаин и над 34.200 таблети дрога.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески