Жители на Ѓорче Петров стравуваат од Чернобил: Протест против депонија и барање за чист воздух

Од:

По една недела од првиот протест во Ѓорче Петров поради загадениот воздух, оваа недела во 12 часот се организира нов собир со блокирање на крстосница во населбата Даме Груев. Жителите преку социјалните мрежи повикуваат да се расчисти депонијата која се наоѓа во Ново Село, бидејќи стравуваат дека истата е извор на загадување но и разни болести.

„Ѓорче Петров е најзагадената општина во Македонија. На 07-ми декември протестиравме и упативме јавен апел до надлежните институции да превземат мерки за расчистување на најголемиот проблем за загадувањето во Ѓорче Петров, депонијата во Ново Село, а една недела потоа нема никаква реакција реакција. Протестот е против неконтролираното депонирање на отпад со камиони на оваа депонија додека рампите се кренати“, се вели во објавата на „Фејсбук“.

Во повикот за протест стои дека депонијата има влијание и врз здравјето на граѓаните во Карпош, Влае, Бардовци, Злокуќани. Тие состојбата во општината ја споредуваат со Чернобил.

„Ова е реакција на ѓраѓаните од Ѓорче Петров за спас од Чернобил. Да ставиме крај на тивкото умирање, да одбереме чиста животна средина“, стои во остатокот во повикот.

БЛОКАДА ! ПРОТЕСТ ! БЛОКАДА ! ПРОТЕСТ ! БЛОКАДА ! ПРОТЕСТ ! НЕДЕЛА, 15-ТИ ДЕКЕМВРИ, 12 ЧАСОТ. БЛОКАДА НА РАСКРСНИЦАТА…

Posted by Ѓорче Петров on Четврток, 12 декември 2019

 

 

Би можело да ве интересира

Изгаснат е пожарот во Трубарево кој со денови ги труеше жителите на Гази Баба и на Аеродром

Град Скопје: Фирма затекната при вршење нелегални активности, правење дива депонија со градежен и опасен отпад

Перински: Министерството за локална самоуправа активно се вклучува со конкретни активности за решавање на проблемот со аерозагадувањето

И владејачкото мнозинство поднесе барање за надзорна расправа за аерозагадувањето, Гаши треба да одлучи кое матично тело е надлежно за нејзино организирање

Апасиев: ДПМНЕ ја блокира надзорната расправа за аерозагадувањето зашто има бизнис релации со загадувачите

ОЈО Скопје нареди вонредни инспекциски надзори над загадувачите на воздухот во главниот град