Атлетико Мадрид го победи Локомитив Москва и стана 16-от тим кој избори учество во плејофот од Лигата на шампионите.
Во најинтересниот дуел вечерва, Олимпијакос во Атина ја победи Црвена ѕвезда со гол од пенал во финишиот на мечот, а белграѓани во првото полувреме не реализираа удар од 11 метри.
Баерн Минхен беше поуспешен од Тотенхем и со максимални шест победи го освои првото место во групата.
Постигнати резултати на средбите од 6.коло во групната фаза на ЛШ:
Динамо Загреб – Манчестер сити 1:4
Шахтјор – Аталанта 0:3
Атлетико Мадрид – Локомотив Москва 2:0
Баер Леверкузен – Јувентус 0:2
Баерн Минхен – Тотенхем 3:1
Клуб Бриж – Реал Мадрид 1:3
Олимпијакос – Црвена ѕвезда 1:0
ПСЖ – Галатасарај 5:0.
Табела А-група: ПСЖ 16 бода, Реал 11, Бриж 3, Галатасарај 2.
Табела Б-група: Баерн 18, Тотенхем 10, Олимпијакос 4, Црвена ѕвезда 3.
Табела Ц-група: Манчестер сити 14 бода, Аталанта 7, Шахтјор 6, Динамо Загреб 5.
Табела Д-група: Јувентус 16 бода, Атлетико Мадрид 10, Баер Леверкузен 6, Локомотив Москва 3.
Во осминафиналето од Лигата на шампионите одат двете првопласирани, додека екипите кои го освоија третото место продолжуваат во Лига Европа.