Данската полиција соопшти денеска дека уапсила 20 лица во рација на неколку локации низ целата земја под сомнение дека подготвувале заговор за извршување терористички напад.
Уапсените се обиделе да набават експлозивни направи и огнено оружје.
Апсењата се извршени врз основа на информации од данска разузнавачка служба.
Уапсените ќе бидат сослушани утре под обвинение дека планирале терористички напад. Полицијата изврши рација на околу 20 локации во Данска. Не е соопштено што била цел на осомничените екстремисти или кога требало да се случи нападот.