ВИДЕО: Пијан ракун ги забавуваше посетителите на Божиќен панаѓур во Германија

Од:

Граѓаните на Ерфурт во Германија присуствуваа на несекојдневен настан во кој пијан ракун залута низ улиците обидувајќи се да најде место за да се скрие и да го излечи мамурлакот.

Ракунот кој испи малку повеќе вино на божиќниот панаѓур излезе на улиците и на крајот изгуби свест на скалите на центарот на градот во близина на автобуската станица.

Се претпоставува дека ракунот крадел чаши со вино оставени од посетителите на шанковите.

Пред да изгуби свест, тој шеташе по тротоарите, ги премина трамвајските шини и се галеше со патниците на автобуската постојка.

Според непотврдени информации, оваа несекојдневна и интересна приказна сепак немала среќен крај. Имено, германските медиуми прво јавија дека ракунот бил згрижен од Здружението за заштита на животни, но се покажало дека животното е фатено и однесено кај ловец, кој на крајот го убил ракунот.

Ова не е прв пат пијаните животни да се шетаат во Ерфурт. Минатата година, граѓаните пронајдоа два пијани ежа недалеку од црквата каде што најдоа и отворено шише алкохол.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Сред натпревар фудбалерите легнаа на теренот и од страв не сакаа да станат

Татјана Ташкова

Осумгодишник заработи 26 милиони долари во 2019 година

Татјана Ташкова

ВИДЕО: Мис Нигерија со својата реакција ги инспирира жените ширум светот

Татјана Ташкова

Како едно бебе заврши на суд заради долг од 13.000 евра?

Татјана Ташкова

Изнајмете „сестра“ за 135 долари: Клиентите ги бираат изгледот и локацијата

Татјана Ташкова

ВИДЕО: Едноставна илузија – рецепт за Твитер-хит

Ана Ололовска