Под силен дожд, осветлена новогодишната елка во Атина

Од:

Без разлика дали врне или паѓа снег, Атина ќе биде осветлена, порача, на шега, атинскиот градоначалник, Костас Бакојанис за време на манифестацијата за осветлување на новогодишната елка во центарот на градот и покрај силниот дожд, јави дописничката на МИА од Атина.

Оваа година плоштадот Синтагма во центарот на Атина го краси 17 метарски новогодишна елка.

Осветлувањето на новогодишната елка беше пропратено и со 3D projection mapping на зградата на грчкиот Парламент, што воедно беше и новина воведена од новиот градоначалник на Атина. Паралелно се одржа и музичко шоу, а меѓу изведувачите беше и популарната грчка пејачка Елена Папаризу.

Градоначалникот на Атина, Костас Бакојанис, во кусиот поздрав до присутните граѓани рече дека е особено среќен што освен центарот, оваа година украсени се и други улици и плоштади „кои со години беа заборавени”.

-Овој Божиќ не е само за центарот. Туку е и за населбите во Атина и тоа е нашата цел. Да стигнеме до точка што за празниците ќе се осветли и ќе се украси секој агол на градот, рече Бакојанис.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески