Плоштад Слобода – Учејќи од градот на Former West Congress во Берлин

Од:

Од 18-24 март 2013 година тим од истражувачи, куратори, уметници и студенти на архитектура од Скопје ќе учествува на Поранешен Запад: четврти истражувачки конгрес (Former West: Documents, Constellations, Prospects http://www.formerwest.org/Front) што ќе се одржи во Куќата на културите на
светот во Берлин.

Во рамките на проектот „Место за учење“ под водство на културниот теоретичар Борис Буден, истражувачкиот тим од Скопје на 22 март ќе одржи работилница во траење од два часа во кој термин ќе ги претстават резултатите на истражувањата на кои работеа во текот на последниве неколку месеци.

Овој колаборативен проект беше инициран како критички и креативен одговор на најновите брзи промени во урбаните структури на Скопје. Истражувањето се развиваше околу две урбани ситуации кои влијаеја на урбаното ткиво на градот: реконструкцијата на Скопје по земјотресот (1960ти-1980ти години) и по започнувањето на проектот „Скопје 2014“.

Градот е „место за учење“, еден вид склад на знаења и спомени, но некои од постојните значења сега се испразнети и брзо заменети со нови значења. Како резултат на тоа агресивно влијание на конзервативните политики и нео-либералната економија главниот скопски плоштад се претвора во наратив налик на 3Д стрип, еден вид на симулирана национална биографија на македонската нација во која се вметнати посакуваните личности и настани кои недостасувале (како скулптурата на Александар Велики, Портата Македонија, и сл.)

За времетраењето на работилницата, тимот ќе го прикаже уникатниот архив, составен од мастер-планови, фотографии и звуци, како и изјави на интревјуирани граѓани кои живеат во објекти во градското јадро, за тоа како се одразиле најновите промени врз нивниот секојдневен живот.

Проектот „Поранешен Запад: истражувачки конгрес“ е годишен истражувачки, образовен и изложбен проект во чии рамки редовно се одржуваат конгреси, конференции, предавања и изложби на Association of Citizens for Activism Theory and Art „Freedom Squаre“ од Скопје, а досегашните конгреси се одржале во Утрехт, Истанбул и Виена.

Тимот на соработници го сочинуваат Сузана Милевска, независна кураторка, Ивана Драгшиќ, Плоштад Слобода, Ирина Грчева, Петта фасада, Анастасија Спасовска, Гордан Витевски, Мила Димитровска, Дарко Крстевски и Александар Балдазарски.

Партнерски организации и поддршка: Плпштад Слпбпда, Петта фасада, Куќа на културите на светот (http://www.hkw.de/en/index.php) и Гете институт-Скопје.

Програма и линк за он-лајн следење на делови од конгресот:
http://www.formerwest.org/DocumentsConstellationsProspects/Program.

Би можело да ве интересира

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

A1on

СДСМ: Мицкоски е опкружен со криминалци и води криминална партија, да поднесе оставка

СДСМ: Феникс го потврди ултра криминалот на ДПМНЕ во Скопје 2014

Предраг Петровиќ

Костовски: Мицкоски да поднесе оставка за докажаниот криминал во Скопје 2014 на ДПМНЕ

СДСМ: Со години ДПМНЕ переле пари преку Скопје 2014 врз грбот на народот

Куќен притвор за Владимир Тодоровиќ

Катерина Ѓуровски