Изнајмете „сестра“ за 135 долари: Клиентите ги бираат изгледот и локацијата

Од:

Јапонската компанија „Фемили Романс“ нуди услуга за изнајмување пријатели, а наскоро ќе може да изнајмите и помлада сестра.

Компанијата не изнајмува деца, но за помлада сестра, тие можат да ви понудат возрасна млада девојка по цена од 135 американски долари за три часа дружење, пренесува порталот „Сора Њуз“.

Клиентите можат да поднесат и барања за возрастаот, изглед или карактерот. Еден од условите за изнајмување е клиентите да останат во јавност со своите „сестри“.

Иако идејата е бизарна, „Фемили романс“ е само една од низата вакви компании во Јапонија, чија работа е да ангажираат луѓе за одредени семејни и пријателски улоги.

Компаниите нудат сè, од состаноци за вечера до изнајмување придружба за погреб.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Сред натпревар фудбалерите легнаа на теренот и од страв не сакаа да станат

Татјана Ташкова

Осумгодишник заработи 26 милиони долари во 2019 година

Татјана Ташкова

ВИДЕО: Мис Нигерија со својата реакција ги инспирира жените ширум светот

Татјана Ташкова

Како едно бебе заврши на суд заради долг од 13.000 евра?

Татјана Ташкова

ВИДЕО: Пијан ракун ги забавуваше посетителите на Божиќен панаѓур во Германија

Татјана Ташкова

ВИДЕО: Едноставна илузија – рецепт за Твитер-хит

Ана Ололовска