(ВИДЕО) Суарез: Најубавиот гол во мојата кариера

Од:

Напаѓачот на Барселона, Луис Суарез беше стрелец на прекрасен гол во 43. минута што и донесе предност на Барселона од 4-1, а откако заврши мечот, тој рече дека можеби тоа бил неговиот најубав гол во неговата кариера.

Поранешниот напаѓач на Ливерпул го изненади голманот Манол Реина со петтиот удар по брилијантниот напад на тимот од стадионот „Камп Ноу“.

„Ова ми е најубавиот гол во кариерата. Тоа беше незгоден агол и единствена опција ми беше да се обидам да играм со пета.“, изјави Суарез.

Тој беше видно возбуден по новиот гол и по новата победа.

„Тренерот Валверде ми вели дека понегогаш ми недостасуваат наједноставните работи, а дека постигнувам голови од најтешките позиции. Ова беше еден од оние натпревари на кои сме покажале дека како што напредува лигата имаме се’ повеќе самодоверба. Тоа беше навистина одличен натпревар во целина”, заклучи напаѓачот на Барселона.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска