Анкара: Турција купува руски системи, бидејќи не можевме да ги добиеме од сојузниците

Од:

Турција набави ракетни системи земја-воздух С-400 од Русија поради одбивањето на НАТО да ни продаде слично вооружување, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

– На Турција и требаат противвоздушни системи. Дали се обидовме да ги купиме од нашите сојузници? Да, се обидувавме во последните 10 години. Но не можевме да ги добиеме. Значи, тоа нема никаква врска со политика, изјави Чавушоглу на меѓународната конференција Медитерански дојалози во Рим.

Турција е прва членка на НАТО која набави руски ракетни системи, а испораката почна во јули 2019 година.

САД повеќепати ја предупреди Анкара дека е можно да и воведе санкции доколку продолжи со спроведување на договорот со Русија.

Би можело да ве интересира

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија