Протеран амбасадорот на Либија во Атина

Од:

Со жалење ви соопштувам дека утрово, либискиот амбасадор во Атина беше повикан во Министерството каде што беше информиран за одлуката за негово протерување. Даден му е период од 72 часа за да ја напушти земјата, рече министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас во изјава за новинарите на почеток од редовниот брифинг во грчкото МНР, соопштувајќи ја одлуката на Грција по договорот меѓу Турција и Либија, јави дописничката на МИА од Атина.

Дендиас истакна дека одлуката за протерување е израз на незадоволство на грчката до либиската Влада, а била донесена откако Либија не одговорила на барањето на Грција да го достави до Атина договорот со Турција и објасни дека одлуката не значи и прекин на дипломатските односи со Триполи.

Атина смета дека договорот меѓу Турција и Либија за морските зони го прекршува меѓународното морско право.

– Координатите од обидот за демаркација на морските зони потврдуваат дека овој договор е грубо кршење на меѓународното морско право и суверените права на Грција и други држави. Покрај формалните недостатоци, овој обид е нелегален и не носи правни резултати. Освен тоа е манифестација на намерно предизвикување тензија на билатерално и регионално ниво. Затоа и недвосмислено се осудува, рече Дендиас во изјавата пред акредитираните новинари во грчкото МНР.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески