Заменикот министер за надворешни работи на Грција поднесе оставка

Од:

Премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис ја прифати оставката на заменикот министер за надворешни работи на Грција, задолжен за дијаспората, Андонис Диаматарис, јави дописничката на МИА од Атина.

Оставката на заменикот МНР доаѓа по натписите во медиумите и реакциите од опозициската СИРИЗА дека Диаматарис во неговата биографија на официјалниот сајт на Министерството за надворешни работи на Грција, пишува дека поседува магистерско звање од Универзитетот Колумбија, а од самиот Универзитет за грчките медиуми во САД рекле дека тој никогаш не завршил, туку само се запишал на конкретната програма.

Од кабинетот на грчкиот премиер соопштија дека оставката е прифатена, а Диамантарис пак, од денеска ја започна посетата на Австралија планирана до 13 декември.

-Во последните денови сум на мета на лични напади кои се дефокусирачки, со цел да им наштетат на владата и на премиерот, кој го сакам и го ценам, како и за да ја поткопаат мојата работа. Поради ова, со голема болка на Киријакос Мицотакис му ја доставив мојата оставка од позицијата заменик министер за надворешни работи за Грците од дијаспората, пишува Диаматарис во неговата оставка.

Сега веќе поранешниот заменик министер за надворешни работи на Грција, Андонис Диаматарис кој беше надлежен за грчката дијаспора е издавач на грчкиот весник во САД „Етникос кирикс“.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески