Полициска акција во фирмa на Камчев за претседателската кампања на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Полицијата утринава влегла во фирма поврзана со бизнисменот Орце Камчев, а се претпоставува дека станува збор за долгот од над 400.000 евра на сметката од ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори во април годинава. Од МВР ја потврдуваат информацијата, но засега не излегуваат со детали ниту пак се знае за кои фирми станува збор.

Според официјалните податоци од Државниот завод за ревизија, може да се види дека ВМРО-ДПМНЕ во септември ја затвора сметката со неплатени 442 илјади евра.

„Согласно Изборниот законик (член 71) сите трошоци за кампањата исклучиво треба се покријат од средствата на таа сметка. Долгот на ВМРО-ДПМНЕ од 400.000 евра останал, а сметката за оваа кампања е веќе затворена. Значи нема законски основ веќе за покривање на овој огромен долг. Очигледно, ВМРО-ДПМНЕ и потпсникот на сметката за овие избори, генералниот секретар Игор Јанушев, не го почитувале Изборниот законик“, изјави неодамна портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов.

Вториот круг од претседателските избори оваа година беше на 5-ти мај, конечните резултати од ДИК се објавија неколку дена подоцна. Партиите до средината на септември имаа обврска да ги поднесат конечните финансиски извештаи за кампањата, откако претходно ќе ја затворат наменската трансакциска сметка за изборите.

Она што е симптоматично во извештајот на ВМРО ДПМНЕ е дека наместо сметката да биде затворена со салдо нула, односно на наменската сметка да нема останато долгови или да има вишок пари, на неа останал долг од илјадници евра.

Претседателот на партијата Христијан Мицкоски во повеќе наврати изјави дека претставници на ДЗР се влезени во партијата и ги проверуваат сметките, но дека тука нема ништо спорно. Тој не одговори прецизно на прашањата како ќе го покрие долгот, кога сметката е веќе затворена.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР