Петнаесет руски шпиони на француските Алпи имале главен камп за операции во Европа, тврди „Монд“

Од:

Руски шпиони ги користеле Француските Алпи како главен камп за операции во цела Европа, објави денеска весникот „Монд“.

Според медиумот, 15 припадници на руското воено разузнавање биле активни на континентот од 2014 година, Тие последен пат преминале преку Франција во септември 2018 година.

Разузнавањето на Франција, Швајцарија и Велика Британија презеле операции за потрага по руските шпиони. Еден од тие 15 агенти бил идентификуван од британските служби како еден од тројцата извршители на анапдот во Солсбери во март минатата година во кој беше отруен со Новичок Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија.

Весникот тврди дека шпионите немале никакви операции во Франција, но неколкупати биле во мали градови како Анмас, Шамони и во Евијан.Тие според медиумот, дејствувале во Велика Британија, Бугарија, Црна Гора, Крим, Молдавија.

Би можело да ве интересира

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија