Повредени двајца членови на екипаж на товарен брод во Егејското море

Од:

Дополнително лекување било потребно за двајца членови на екипажот од товарниот борд под либериско знаме што утрово пловеше без контрола во морето меѓу грчките острови Лезбос и Скирос.

Од грчката крајбрежна служба соопштуваат дека сите членови на екипажот, вкупно 14 лица, биле успешно спасени и пренесени во болница, а двајца биле задржани на дополнително лекување.

Поради проблем со моторот, товарниот брод пловел без контрола, а лошите временски услови во комбинација со големината и тежината на товарот предизвикале навалување на бродот за 30 степени, по што капетанот побарал од екипажот да го напушти бродот.

Во спасувачката акција под ложи временски услови и многу силен ветер, учествувале седум бродови и чамци на крајбрежната служба и на воената морнарица на Грција, два хеликоптери „Супер пума“ на грчкото воено воздухопловство и еден хеликоптер на воената морнарица.

Би можело да ве интересира

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе