Државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески, без да го прејудицира исходот од истрагата на Обвинителството за гонење организиран криминал и коруцпија, што се води за надоместоците на обвинителите и тимот во СЈО, рече дека првичните согледувања за овој предмет, покажале дека за иста работа, доверливост, двапати се делеле надоместоци во СЈО.
„Законот има изрична одредба дека тие додатоци не може да го надминат 35% од плата, трите вида додатоци, за ризик, за доверливост и за услови за работа. Висината на додатокот ја опрдеделува раководителот за секој посебно“, рече Јовески.
„Првенствените соглесувања покажуваат дека по ист основ двапти се делеле надоместоци. Ако видите апсурдите до каде се донесени во делот на трошењето на државните пари, ќе видите дека секретар има поголема плата од претседателот на државта. Дали е тоа оправдано или логично, проценете. Со ова не ја прејудицирам постапката што Обвинителството ја води“, кажа првиот човек на Обвинителството.
Податоците на базата „Отворени финансии“ на Министерството за финансии покажаа дека обвинителите на СЈО добиле приближно еден милион евра надоместоци за изминатите четири години. Освен надоместоците, обвинителите добивале основна плата и плус додатоци од 35%.
Според Законот за платите на јавните обвинители, јавниот обвинител има право на додаток на плата за: посебни услови за работа, постоење висок ризик и доверливост.