Архитектите од Македонија понудија помош за проценка и санација на штетите во Албанија

Од:

Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) е подготвена да испрати архитекти во Албанија за помош при проценка и санација на штетите од земјотресот. Претседателот на ААМ, Мартин Пановски, вели дека веќе имаат пријави од архитекти членови на Асоцијацијата кои волонтерски се подготвени да пружат помош.

„Чекаме од Асоцијацијата на архитекти на Албанија официјално да се изјасни дали им треба помош. Ние сме во постојан контакт со колегите од Албанија. Претседателот на нивната Асоцијација, Арманд Вокши не извести дека во моментот чекаат од властите на Албанија одговор дали ќе биде потребна надворешна експертска или каква било друга помош. Во моментов најмногу им треба физичка сила оти се насочени се уште кон пронаоѓање на настраданите“, вели претседателот Пановски за „А1он“.

Тој уште вчера понудил помош од членови волонтери кои би помогнале во проценка и санација на штетите настанати од земјотресот.

ААМ ги повика своите членови подготвени да помогнат да се пријават на имејлот [email protected] за да имаат подготвена листа волонтери во случај во следните денови да се искаже потребата од помош.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Алјаска

Голема антитерористичка акција во Албанија, опколено е цело село од бројни полициски сили

Албанија го отвора последниот Кластер од пристапните преговори со ЕУ

Земјотрес во Црна Гора

А1он

Земјотрес во Црна Гора во близина на Никшиќ

Албанските власти екстрадира во Австрија македонски државјанин баран за трговија со дрога