Турција: АФАД испраќа екипи во Албанија за помош по земјотресот

Од:

Агенцијата за управување со вонредни ситуации на Турција (АФАД) соопшти дека во Албанија ќе испрати екипа за поддршка на операциите за пребарување и спасување по земјотресот што ја погоди земјата рано утрово, јави агенцијата Анадолија.

– Во Албанија ќе испратиме три возила, екипа од Министерството за здравство и еден авион кој припаѓа на Генералштабот, за поддршка на акциите за пребарување и спасување во Албанија по земјотресот, се вели во соопштението на АФАД.

Албанија, во раните утрински часови беше погодена од силен земјотрес во кој загинаа најмалку девет лица, стотици се повредени, а предизвикана е и материјална штета во повеќе градови низ земјата.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени