Просветниот инспекторат извршил надзор по пријава дека тројца ученици малтретирале цимер во Кавадарци

Од:

Просветна инспекција извршила надзор по пријавата дека тројца ученици малтретирале цимер во ученичкиот дом во Кавадарци, потврдуваат за МИА од Државниот просветен инспекторат.

– Извршен е инспекциски надзор во ДУД „Крсте Петков Мисирков“ Кавадарци и составен е записник. Утврдено е дека постоел одреден инцидент и врз основа на наводите во записникот му се предлага на одговорното лице во ДУД „Крсте Петков Мисирков“ Кавадарци да преземе соодветни мерки за утврдување на фактичката состојба, стои во писмениот одговор од Државниот просветен инспекторат.

Било наложено доколку се утврди вина, да се преземат соодветни мерки согласно Законот за ученичкиот стандард.

– Утврдувањето на фактичката состојба не е во наша надлежност, тоа го врши Министерството за внатрешни работи, додаваат од Инспекторатот.

Пред неколку дена, МВР потврди за МИА дека полициски службеници привеле еден осумнаесетгодишник и двајца малолетници на возраст од 17 и 16 години, во присуство на нивните родители, поради основано сомнение дека на 13 ноември 2019 околу 22 часот извршиле насилство врз малолетник, кој бил нивни цимер во интернатот.

Случајот во Полициската станица Кавадарци го пријавил таткото на малолетникот.

Би можело да ве интересира

Кавадарчанец барал помош од полицијата откако го истепала сопругата

Пожар во куќа во Кавадарци, пронајдено тело на маж кој најверојатно се задушил

Пијан, со одземена возачка возел автомобил и не пропуштил пешаци

Горан Наумовски

33-годишен маж е тешко повреден во фабрика во Кавадарци

Во Кавадарци и Неготино сопруги пријавиле физички напад и закана од сопрузите

Пожар во Кавадарци: Изгоре дел од куќа