Времето претпладне ќе биде променливо облачно, по одделни котлини со услови за утринска магла, а на крајниот југ со слаб локален дожд.
Во текот на денот сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.
Утринските температури ќе се движат од 2 до 12 степени. Максималната дневна температура ќе биде 16 степени.
Утре ќе има преодно стабилизирање на времето со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Потоа од четврток до сабота ќе има локални врнежи од дожд, позастапени во западните делови.