ВИДЕО: Сите му се смеат, наместо отпорни на куршуми, на презентацијата се искршија сите стакла

Од:

Една од карактеристиките на драматично стилизираниот пикап е оклопното стакло користено за прозорците што извршниот директор Илон Маск го опиша како „транспарентно метално стакло“.

Маск најпрво демонстрираше колку е цврст материјалот со тоа што парчиња метал со големина на дланка паднаа од 10 стапки височина врз панелот. Откако сите се одбија, тој одлучи да ги засили активностите.

Маск го замоли дизајнерот на Тесла, Франц вон Холзаусен да фрли една од топките на прозорецот од вратата на пикапот, при што стаклото испука во форма на пајажина.

Маск извика нешто што звучеше како „О Господе“, кога презентацијата тргна наопаку.

„Можеби тоа беше малку премногу тешко“, рече Маск додека се смееше. Тој побара од Фон Холзаусен повторно да го стори тоа со прозорецот на задната врата, што вроди со истиот резултат.

„О, човеку, не помина“, рече Маск, додавајќи дека има „простор за подобрување“.

Маск објасни дека тие фрлале алатки, па дури и мијалник за кујна при тестирањето и дека малку чудно е тоа што стаклото се скрши.

Би можело да ве интересира

Путин ја прогласи 2021 за година на науката и технологиите во Русија

Жарко Настоски

Кина ќе го зголеми вложувањето во технологија за да постигне повисок раст

Жарко Настоски

Гугл: Андроид телефоните ќе ги предупредуваат корисниците при појава на земјотрес

А1он

Компанијата на Илон Маск развива мозочен чип кој ќе може да го промени нашето расположение

А1он

5G технологијата станува реалност, Кина ќе изгради повеќе од 600 илјади базни станици до крајот на годината

А1он

Сони го објави датумот за презентација на новитетите на „PlayStation 5“

А1он