Колумбискиот претседател нареди полициски час во Богота

Од:

Претседателот на Колумбија, Иван Дуке Маркез нареди воведување полициски час во Богота поради масовните протести.

Тој на „Твитер“ го објави барањето на градоначалникот на Богота полицискиот час да почне од синоќа во 21 часот по локално време.

Полицискиот час е воведен еден ден по најголемиот протестен марш во Колумбија, во кој учествуваа околу 250.000 луѓе. По мирниот протест, вчера имаше судири помеѓу демонстрантите и полицијата.

Аналитичарите се скептични дека протестите би можеле да доведат до подолги немири како во Болиција, Чиле и Еквадор, бидејќи Колумбија има една од подобрите економии во регионот и нема доволно фактори, кои би ги обединиле незадоволните.

И покрај мировниот договорот од 24 ноември 2016 година, што поранешниот претседател Хуан Мануел Сантос го потпиша со марксистичките бунтовниците од Колумбиски револуционерни вооружени сили (ФАРК), поголемиот дел од земјата се соочува со насилство од криминалните вооружени групи кои се борат за територија на која државата не е присутна.

Колумбиската економија годинава бележи побрз раст, но во земјата е присутна најголемата стапка на нееднаквост во Јужна Америка.

Би можело да ве интересира

Колумбија ги забрани борбите со бикови

Претседателот Петро сака да го промени Уставот, илјадници Колумбијци на протести

Платил 175 илјади долари за да порасне 10 сантиметри: Може да дојде до тоа да не можам да се справам со болката

А1он

ВИДЕО: Гром уби млада мајка на плажа во Колумбија, снимен моментот на ударот

ВИДЕО: Спасени родителите на Дијаз, киднаперите убиени

Киднапирани родителите на ѕвезда на Ливерпул во Колумбија

Катерина Ѓуровски