САД воведоа санкции против иранскиот министер за комуникации

Од:

САД воведоа санкции против иранскиот министер за комуникации Мохамед Џавад Азари-Јахроми поради неговата улога во „широката Интернет цензура“ во врска со петдневната блокада на пристапот до Интернет во целата земја за да се задушат протестите против зголемувањето на цените на бензинот за 50 проценти.

– Со воведувањето санкции против Азари-Јахроми, ќе бидат блокиран целиот негов имот под американска јурисдикција, соопшти Министерството за финансии на САД.

Во соопштението се додава дека „американските закони генерално им забрануваат на американските државјани или на луѓето кои се во транзит на територијата на САД да работат со таков имот“.

– Иранските лидери знаат дека слободниот и отворен интернет го изложува на критика нивниот легитимитет и затоа бараат цензуриран пристап до мрежата за да ги задушат антирежимските протести, изјави министерот за финансии Стивен Мнукин.

Тој истакна дека САД го санкционираат иранскиот министер за информации и комуникации поради ограничувањата на пристапот до Интернет, вклучително и популарните апликации за пораки кои им помагаат на десетици милиони Иранци да се поврзат едни со други и со надворешниот свет.

Блокирањето на интернетот им отежна на демонстрантите да објавуваат видеа на социјалните мрежи, за да обезбедат поддршка и да добиваат релевантни извештаи за обемот на протестите.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски