Членовите на Советот за безбедност на ОН се спротивставија на ставот на САД за израелските населби

Од:

Членовите на Советот за безбедност на ОН остро го критикуваа ставот на САД дека израелските населби повеќе не ги сметаат за кршење на меѓународното право.

Тие истакнаа дека еврејските населби се нелегални и го поткопуваат потенцијалното решавање за израелско-палестинскиот конфликт, по модел на две држави.

На месечниот состанок на Советот за безбедност на ОН за Блискиот исток, што се одржа само два дена откако американскиот државен секретар Мајк Помпео го објави ставот на САД, доминираа негативни реакции за новата американска политика.

Кувајтскиот амбасадор Мансур ал Отаиби рече дека 14 членки денеска се согласиле за соопштение за медиумите во кое се вели дека еврејските населби се нелегални, оти поддржуваат решение за две држави, создавање независна Палестина покрај Израел и резолуцијата на Советот за безбедност на ОН од 2016 година.

Не се согласи само една земја-членка – САД.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот објави дека израелските населби во Западниот брег повеќе не ги смета за кршење на меѓународното право, менувајќи го ставот на Вашингтон за ова прашање по четири децении.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео објави дека САД го отфрлаат правното мислење на Стејт департментот од 1978 година дека изградбата на населби на окупираните територии не е во согласност со меѓународното право.

Помпео пред новинари во Стејт департментот изјави дека администрацијата на Трамп верува оти сите правни прашања во врска со населбите треба да ги решаваат израелските судови.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски