СИРИЗА: Владата ги претвора островите во затвори за барателите на азил

Од:

Со мерките што денеска ги соопшти владата, ниту ситуацијата на островите ќе се подобри, ниту условите за бегалците и мигрантите ќе станат подобри, велат од грчката опозициска партија СИРИЗА во однос на објавениот оперативен план на владата за справување со бегалското и мигрантското прашање и додаваат дека со мерките, островите ќе бидат претворени во затвори.

Во соопштението, од СИРИЗА ја обвинуваат владата дека доцни четири месеци со програмата за прераспределување, „создавајќи хаос на островите, а барателите на азил да достигнат до 37.000, од 15.000 на почетокот на јули“.

-Владата тврди дека решението се затворени центар за притвор од 5.000 лица. Островите ги претвора во затвори каде ќе бидат затворени сите баратели на азил, семејства и малолетни лица. Така, затворањето се претвора од последна мерка во општо правило. Односно кршејќи ги основните одредби на меѓународното и европското право, но освен тоа, полнењето на нашите острови со затвори создава уште поголема опасност од тензии, соопштуваат од СИРИЗА.

Од грчката опозициска партија, ја повикуваат владата да вработи службеници и преведувачи, веднаш да префрли 20. 000 лица од островите, да ја притисне ЕУ за да и наметне на Турција да ги исполни обврските од договорот и „конечно да ги остави зборовите и да премине на дела, секогаш почитувајќи го меѓународното право“.

Реакцијата од СИРИЗА доаѓа по објавениот план на владата да се затворат постоечките бегалски кампови на пет острови и на нивно место да се изградат нови, затворени центри (за лицата што не добиле азил и кои ќе треба да бидат депортирани), како и центри за прием и идентификација.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески