Пленковиќ: Србија не е ни до половина пат за членство во ЕУ

Од:

Србија не е стигната ниту до половина од процесот за пристапување кон Европската унија, изјави денеска хрватскиот премиер и лидер на ХДЗ, Андреј Пленковиќ, и притоа ги спореди пристапните периоди на двете балкански соседни земји.

Хрватска, кажа тој, со ЕУ преговараше 2.096 дена и за тоа време отворени беа и затворени 35 поглавја.

-Додека Србија веќе го надмина тој период, а не е стигната ниту до половина од процесот, објасни хрватскиот премиер.

Запрашан да каже што мисли за францускиот „нон пејпер“ и дали тој предлог ги урна досегашните правила на игра за пристапување кон ЕУ, Пленковиќ кажа дека идејата на Макрон за реформа на политиката на проширување на ЕУ ја гледа како желба за подобрување на општото функционирање на Унијата.

Тој нагласи дека процесот на прошриување на ЕУ има јасен и прецизен правен темел, наведувајќи дека членот 49 од Договорот за ЕУ предвидува секоја европска земја, доколку побара, да може да стане членка на Унијата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Тепачка во трамвај во Загреб, се пресметаа двајца постари мажи

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада