Во Дортмунд повторно поставена најголемата елка на светот

Од:

Градот Дортмунд во западна Германија за многумина е најпознат како дом на фудбалскиот клуб Борусија, но последниве години е сè попознат и како место каде се поставува најголемата елка на светот, и тоа токму во центарот на градот.

Со своите 45 метри, оваа елка ги надвишува сите згради во околината. А, најзанимливо е тоа што огромното дрво е направено од 1.700 вистински борови кои се одгледуваат посебно баш за оваа прилика.

Елката е поставена на голема метална рамка, има околу 48.000 светилки, а користени се огромни градежни кранови. При самиот врв елката има украсен ангел висок четири метри.

Околу елката повеќе од месец ќе има 300 дрвени штандови и сè тоа заедно го прават тоа еден од најголемите божиќни панаѓури во Германија. Дортмундскиот божиќен панаѓур се одржува од 21 ноември до 30 декември и секоја година привлекува илјадници околни жители, но и туристи кои на отворено уживаат во традиционална германска храна, греено вино, пунч и концерти коишто вообичаено се одржуваат за празниците.

Би можело да ве интересира

Нови Сад: Прославата на новогодишната ноќ е откажана од почит кон жртвите во трагичната несреќа

Горан Наумовски

Колку луѓе ја дочекаа Нова година на небото? Во моментот на пристигнување на 2024 летале 10.560 авиони

А1он

Ковачевски со новогодишна честитка: Среќна Нова 2024, можеме, знаеме и умееме да обезбедиме подобар живот за сите

А1он

Првото бебе во 2024 година е машко: Се роди точно на полноќ

А1он

Новата година веќе пристигна во Кирибати

Нема огномет на плоштад за Нова Година, Град Скопје ќе ги донира парите

Катерина Ѓуровски