Северна Кореја истрела две ракети со мал досег во Јапонско море

Од:

Северна Кореја вчера во акваторијата на Јапонско море пробно истрела ракети со мал досег, соопштија јужнокорејските медиуми.

Во текот на воените вежби што се оддржуваат во Северна Кореја нејзините вооружени сили извршија тестирања со две ракети во Јапонско море.

-Претпоставуваме дека станува збор за ракети од типот „КН-02“, посочуваат медиумите на Југот, повикувајќу се воен извор.

Како одговор на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за засилување на санкциите против Пјонгјанг заради неговата нуклеарна проба од 12 февруари, Северна Кореја секојдневно ја заострува ситуацијата, забележуваат јужнокорејските медиуми.

Според Сеул, Северна Кореја располага со повеќе од 1.000 ракети, од кои поголемиот дел се во состојба да нанесат удар врз Југот. Некои од севернокорејските ракетни системи се способни да погодат јапонски и американски воени бази во регионот на Североисточна Азија, посочуваат руските медиуми.

Јужнокорејските вооружени сили сметаат дека истрелувањето на двете ракети е одговор на годишните американско-јужнокорејски воени вежби, што во моментов се изведуваат во Јужна Кореја.

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња