Физички нападнати двајца новинари во Скопје

Од:

Две лица ноќеска биле физички нападнати од група лица на возраст од околу 20 години на ул. „Есперанто“. Дел од медиумите информираа дека станува збор за новинарите Љупчо Цветановски и Дејан Андоновиќ.

– На 14 ноември 2019 во 02.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 01.00 часот на ул.„Есперанто“, во близина на угостителски објект, Љ.Ц. и Д.А. биле физички нападнати од неколку лица на возраст од околу 20 години, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

МВР презема интензивни мерки за итно и целосно расчистување на настанот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски

Затвореник од штипскиот затвор пријавил силување од друг осуденик

Камион падна во провалија кај Кавадарци, загина возачот

Сообраќајна несреќа го затвори патот до скопскиот аеродром

Катерина Ѓуровски

Скопјанец се обидел да измами повозрасна жена за сума од 35.000 евра, претставувајќи се како лекар од Италија

Велешанец усмртен од камион