Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп ја пофали работата на ВАР, иако смета дека системот би можел да се подобри.
– ВАР може да работи подобро. Системот никогаш нема да биде точен 100 процент, сите го знаат тоа. Сепак, постојат неколку работи што не функционираат како што треба. ВАР треба да се подобри во делот на одлучување за офсајд и играње со рака. Има неколку добри идеи од УЕФА за тоа како да се справиме со ова. Значи, сите работат на подобрувања, изјави Клоп.
Сè уште има простор за грешки. Овие работи ги прават луѓето. И луѓето не се совршени. Никој не бара совршена работа, ние само се стремиме кон правилни одлуки, додава предводникот на Ливерпул.
Видео технологијата е воведена за да им помага на судиите при спорни ситуации. Тие по прегледување на снимката можат да ја променат првичната одлука.