Пјонгјанг ги обвини САД и Јужна Кореја за кибер-напади

Од:

Северна Кореја ги обвини денеска САД и Јужна Кореја за интензивни кибер-напади врз нејзини официјални интернет страници.

Неколку официјалнни сајтови на севернокорејскиот режим, меѓу кои на информативната агенција КЦТА, на весникот „Нодон синмун“ и на авиокомпанијата „Ер Коро“ биле блокирани од средата наутро до синоќа.

– Серверите на нашата република се мета на секојдневни и интензивни кибер-напади. Нема да останеме глуви пред кибер-нападите на непријателот, кои достигнаа исклучително висок степен на неодговорност и сериозност, соопшти КЦТА, нагласувајќи дека овие напади се совпаднале со големите американско-јужнокорејски воени вежби.

Според висок претставник во Пјонгјанг, нападите биле извршени од моќен странски хакер.

Во Северна Кореја нема пристап до информација, различна од официјалната. Интернетот е всушност интранет (внатрешна мрежа), во кој е достапна само официјална информација и пропаганда. Само привилегирана елита, која брои меѓу неколку стотина и илјада лица, има неограничен пристап до интернет. 3G мрежата на Северна Кореја има 1,8 милиони корисници, но Севернокорејците не можат да комуницираат со странство, ниту да се поврзат на интернет.

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња