Украдени новозасадените дрвца кај поликлиника „Чаир“

Од:

Непознати сторители изминатата ноќ украле девет украсни садници од јавното зеленило пред Поликлиниката „Чаир“ во Скопје кои екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ ги засадија во текот на вчерашниот ден.

Град Скопје соопшти дека со кражбата е причинета материјална штета, а претходно уреденото зеленило на локацијата е изгазено и уништено. Инцидентот е пријавен во полиција.

Екипите на Град Скопје и на ЈП „Паркови и зеленило“ деновиве се на терен во сите скопски општини и засадуваат нови зимзелени и листопадни дрвца за да ги обноват уништените дрвореди по должината на градските улици и булевари и за да подигнат нови. Во оваа есенска акција за засадување дрвја, на местото на украдените садници пред Поликлиниката „Чаир“ ќе бидат засадени нови садници.

– Засадувањето дрвја е приоритет на Градот Скопје како влог за чиста и здрава животна средина. Скопје и скопјани заслужуваат да имаат убаво уредени зелени површини. Поради тоа, Градот Скопје апелира до граѓаните да ги чуваат дрвјата и другото зеленило на јавните зелени површини и да придонесат за почиста и поздрава животна средина, се вели во соопштението од Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Шукова од Кисела Вода: Имаме решенија загадувањето да не биде зимска судбина за Скопје

Османи: Секое маало ќе има минимум два паркинга, бесплатен и со плаќање

Горан Наумовски

Влен: Синоќа Скопјe беше трансформирано во центар на албанското единство

Горан Наумовски

Во недела ќе биде осветен Храмот „Свети Константин и Елена“ во центарот на Скопје

„Орце за 72 часа ќе направи генералка во Скопје, а потоа ќе следи одговорност“, вели Мицкоски

Османи го најави проектот „Плоштад Лирија“ кој предвидува целосно решавање на сообраќајниот метеж со подземен сообраќај

Горан Наумовски