Виолината на еден од музичарите кои свиреа на палубата на „Титаник“ додека бродот тонеше, прв пат е понудена за прикажување во јавноста.
Инструментот за кој се мисли дека е досега најзначајниот предмет од несреќниот брод што потона на своето прво патување преку Атлантикот, ќе биде изложена во Градската куќа во Белфаст, во чие бродоградилиште „Титаник“ беше изграден и пуштен во вода.
Виолината на бродскиот музичар Валас Хартли се мислеше дека е засекогаш загубена, по катастрофата на бродот кој брзо потона на 15 април 1912 година, по сударот со една голема санта мраз во северниот Атлантик.
Инструментот беше пронајден во 2006 година во шупата на една куќа на еден музичар аматер кој виолината ја добил од својата учителка по музика. Седум години траеше експертизата, испитувањњето и тестовите за да се утврди дали навистина станува збор за автентичниот инстумет од „Титаник“ пред виолината да се појави пред јавноста.
Експретите утврдија дека станува збор за виолината на која свирел Хартли пред да се удави во водите на Океанот, заедно со уште 1.500 други патници и членови на екипажот.
Виолината е изработена од дрво од роза и е во добра кондиција иако поминала во водите во океанот, пред да биде најдена. Таа се проценува дека сега вреди стотина илјади фунти.
Инструментот на кој свирел несреќниот виолинист на својот последен настап му го купила неговата свршеница и му го подарила во 1910 година, за да ја одбележат нивната свршувачка.