Облачно со повремен локален дожд

Од:

Времето во Република Северна Македонија ќе биде претежно облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од четири до 12, а дневната 10 до 17 степени.

Во Скопје претежно облачно време со умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до осум, а дневната ќе се искачи до 16 степени.

Викендов ќе преовладува претежно облачно време и ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер. Во понеделник под влијание на нов влажен бран се очекуваат врнежи на повеќе места кои во западните делови ќе бидат пообилни. Од вторник ќе има пораст на дневната температура.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски