Времето денеска ќе биде претежно облачно и постудено со локални врнежи од дожд, особено во југоисточните делови.
Ќе дува умерен северен ветер.
Утринската температура ќе се движи од 4 до 11 степени, дневната температура ќе достигне до 16 степени.
Значително опаѓање на дневната температура за дополнителни 7 до 10 степени ќе има до сабота кога ќе преовладува претежно облачно и постудено време со локални врнежи од дожд.