Ослободени белоглавите мршојадци Сунчица и Светислав кои беа најдени изнемоштени

Од:

Белоглавите мршојадци кои беа пронајдени паднати и изнемоштени во Берово на почеток од месецов, по рехабилитацијата во Скопската зоолошка градина, денеска беа пуштени на слобода, на хранилиштето за мршојадци на висорамнината Витачево кај Кавадарци.

– Станува збор за две млади птици, кои дошле на свет оваа година. На двете им ставивме сателитски предаватели за следење на нивното движење, но и крупни маркери заради следење на позиција и препознавање оддалеку, рече за МИА Емануел Лисичанец од Здружението за заштита на природата ,,Аквила” од Кавадарци.

Тој нагласи дека станува збор за загрозен вид, кој е во опаѓање во светски рамки. Во земјава, останати се не повеќе од 40 птици.

Освен активисти на здружението домаќин, на Витачево денеска беа и нивни колеги од невладината организација ,,Проанима” од Берово кои ги пронајдоа птиците, стручни лица од Фондот за дива флора и фауна од Бугарија кои направија нивно обележување и поставување на трансмитери, претставници од Министерството за животна средина, сектор природа, Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоолошката градина од Скопје, Македонското еколошко друштво, Фондацијата за зачувување на мршојадците од Шпанија и инспектор за животна средина од Кавадарци.

Ова не е прв пат активисти за заштита на природата да спасат повредени или изнемоштени диви животни и птици и после нивната рехабилитација, да ги пуштат на слобода, во светот на кој му припаѓаат.

Би можело да ве интересира

На дива депонија во Лисиче фрлени одрани животни

A1on

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

A1on

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

A1on

Илјадници мртви фоки на дагестанскиот брег на Каспиското Езеро

Ана Ололовска

Бучавата во животната средина влијае на изборот на партнери кај животните, покажува истражување

А1он