ВИДЕО: Протестираше зошто мајка ѝ била земјоделка, а таа е всушност пратеничка

Од:

Пепица Честојнова, девојката од Неготинo која учествуваше на денешните протести на земјоделците пред Владата, пред камерата на „А1он“ изјави дека таа не е земјоделка, но дека нејзините родители се занимаваат со земјоделство, па токму затоа дошла на протестите за да пружи поддршка.

Сепак, мајката на Честојнова, Павлинче Честојнова, можеби некогаш била земјоделка, но сега е пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието.

„Јас сум од Неготино, протестираме затоа што не ни се исплатени субвенциите и затоа што вчера тоа што го исплатија е чисто понижување за земјоделците, затоа што 3,5 милиони е исто како 36-те денари за пензиите. Треба да се засрамат“, рече таа.

На нашето прашање дали е земјоделка, Честојнова одговори:

„Лично јас не, моите дома да, јас излегов за поддршка, затоа што сум од Неготино, кој е земјоделски крај.“

Извори за „А1он“ потврдија дека Пепица Честојнова не потекнува од земјоделско семејство, туку дека нејзината мајка е пратеничка во Собранието од редовите на опозицијата.

Всушност, самата Честојнова на нејзиниот профил на Фејсбук, во последниве денови го поддржува протестот на земјоделците пред Владата и повикува да излезат во што поголем број.

СДСМ веќе реагираше дека денешниот протест на земјоделците е организиран од опозициската партија, на кој можеа да се видат голем број членови на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протести во Рим: Демонстрантите фрлаа шишиња кон полицијата, таа возврати со водени топови и солзавец

(ВИДЕО) Хаос во Тирана: Демонстрантите запалија полицаец, гореше министерство, летаа камења и молотови коктели

Предраг Петровиќ

Полицијата во Рим приведе повеќе од 200 млади лица кои се обидoa да предизвикаат немири

A1on

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

Франција се подготвува за нов хаос: Сè е затворено, распоредени 70.000 полицајци

Илјадници демонстранти во Грција бараат бесплатно образование и повисоки плати