ВИДЕО: Барселона го понижи Милан

Од:

Аргентинецот Лео Меси блесна во полн сјај и ја предводеше Барселона до убедлив триумф од 4:0 над Милан, со што каталонскиот гигант ја надмина негативата од два гола од првиот натпревар и се пласираше во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Апсолутна доминација на Барса против Милан, најдобриот играч на светот ја докажа својата класа со два одлични гола во првото полувреме. Тој уште во 5-та минута ја доведе својата екипа во водство со прекрасен гол.

Во 12-та минута повторно одлична акција на „каталонците“ по ударот на Иниеста, но Абиати со помош на стативата ја спаси својата мрежа.

Најдобрата шанса за Милан ја имаше Нианг во 38-та минута која можеше да го сврти целосно натпреварот во своја полза, но Валдез имаше среќа, бидејќи младиот играч ја погоди само стативата.

Неговото промашување беше казнето по 120 секунди подоцна, кога повторно Меси со одлична соло акција погоди за 2:0 и голема психичка предност на полувремето.

Алегри се обиде да ги мотивира свопите играчи на полувремето, но токму наспроти во 54-та минута Виља постигнува гол за 3:0, и со тоа ги решава сите дилеми за победникот на овој меч. Алегри ги вне се во игра и Робињо и Мунтари надевајќи се на погодок, тие не направија ништо посебно.

Во самата завршница Милан загуби топка на средината на теренот, Меси одлично асистираше до Алба кој го постави конечните 4:0, за пласман на Барселона во четвртфиналето.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска