Првата официјална фотографија од Samsung Galaxy S IV, која не дава баш јасна слика за уредот, сепак, покажува дека фотографиите објавувани неколку дена порано прилично точно го откриваат изгледот на телефонот.
Речиси сигурно е дека овој телефон ќе го краси поголем екран, односно во дијагонала 5 инчи, со резолуција од 1920-1080 пиксели. Иако екранот ќе биде поголем, неговата обвивка се очекува да биде смалена, па така не се очекуваат големи разлики во однос на вкупните димензии на телефонот.
Што се однесува до хардверските карактеристики, S4 би требало да има моќен Exynos Octa процесор, 2 GB RAM, како и камера со резолуција од 13 MP, а како и сите модели досега ќе работи на оперативниот систем Android, односно неговата последна верзија 4.2.1.