Цакај: Ако ја исклучат Приштина од балканскиот „мини Шенген“, Албанија веднаш ќе се повлече

Од:

Албанија ќе се повлече од балканскиот „мини Шенген“ доколку Приштина не биде вклучена во таа соработка, изјави албанскиот министер за надворешни работи Гент Цакај.

– Премиерот Еди Рама имаше суштински услов, кој нема да биде предмет на преговори, а тоа е доколку Косово биде исклучено од таа соработка, Албанија веднаш ќе се повлече, истакна Цакај.

Тој, како што пишува Коха диторе, нагласи дека „Косово е црвена линија за Албанија во односите со Западен Балкан“.

Цакај додаде дека принципот на Албанија „ниту под кои било услови не треба да носи услови за олеснување, без да се вклучи Косово“.

Албанскиот министер смета и дека терминот „мини Шенген“ треба да се промени.

– Тоа беше трилатерален состанок меѓу Еди Рама, Александар Вучиќ и Зоран Заев, по претходните средби. Наскоро се очекува да имаме состаноци со Црна Гора и Хрватска, со Хрватска и Косово, и така натаму. Тоа нема да биде трилатерална иницијатива, тврди Цакај, додавајќи дека Приштина, Подгорица и Сараево се поканети да се придружат на иницијативата.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви