Тестирањето на првата индиска ракета со крила се покажа како неуспешно

Од:

Индија изврши денеска тестирање на првата ракета со крила, кој е од домашно производство, но летот бил прекинат на половина пат од поставената цел, изјави извор близок до индиското Министерство за одбрана, јави БТА.

Претходно индиските медиуми јавија дека тестирањето било успешно и оти ракетата стигнала до својата цел.

– Летот на ракетата требаше да биде прекинат, бидејќи таа отстапила од поставениот курс. Со тоа тестирањето само половично може да се смета за успешно, изјавил изворот.

Истрелувањето на ракетата со среден дострел „Нирбхај“ беше извршено од полигонот Чандипур во источната држава Ориса.

Производството на ракетата со максимален дострел до илјада километри почна во 2007 година. Ракетата е наменета за воено-воздухопловните, военопоморските и копнените сили.

За овој месец е планирано и тестирање на подводната верзија на суперсоничната ракета со крила „БраМос“, која е од заедничко руско-индиско производство.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати