Кукли среде Кавадарци упатија силни пораки на европскиот ден за борба против трговија со луѓе

Од:

„Ние не сме производ за продажба”, „Украдени луѓе-украдени соништа”, „Жртвата не го бира трговецот, трговецот ја бира жртвата”, се само дел од пораките испишани врз кукли на градскиот плоштад во Кавадарци, со цел да се подигне свеста и да се превенира ропството на 21 век, а како одбележување на 18 Октомври, европски ден за борба против трговијата со луѓе.

– Куклите имаат црвени ленти на устите како симбол дека жртвите на трговијата со луѓе како криминал, немаат право на глас. Најчесто жртви се деца и припадници на женскиот пол. Годишно во светот во канџите на оваа трговија влетуваат околу 2,5 милиони лица, од кои половината деца, рече Димитар Каракулев, инспектор за превенција и претседател на кавадаречкиот Црвен крст.

Учесници во настанот се ученици од средните училишта кои испишаа и транспаренти, поделија и едукативни флаери.

Каракулев нагласи дека организаторите, Полициска станица од општа надлежност и Црвен крст, се меѓу најуспешните во државата.

Особено внимание предизвика пантомимата среде град, со која исто така на еден сликовит начин, се упати порака за злото наречено трговија со луѓе.

Би можело да ве интересира

„Боите на Свети Трифун низ делата на ликовните уметници“, традиционална изложба во Музеј галерија – Кавадарци

А1он

Момче почина во кавадаречко Возарци

Семејно насилство во Кавадарци: Пијана жена од Хрватска со нож го избоде сопругот

Горан Наумовски

Опожарени две хали од магацински простор на конфекција во Кавадарци

Тешко повреден работник во фабрика во Кавадарци

Тешка сообраќајка во Кавадарци, повреден е пешак