Северна Кореја постхумно ќе ја награди со медал 14-годишната ученичка која се удави во обидот спасувајќи го портретот на поранешниот комунистички лидер на земјата, Ким Џонг-ил.
Херојството кое го покажала Хан Хјон-гонг покрај медалот ќе остане вечно запаметено со тоа што училиштето во кое учеше таа, ќе продолжи да го носи нејзиното име.
Со медал беа наградени и нејзините родители, настаници и четири соученици, вклучувајќи ги и лидерите на младинските организации во кои Хан била член.
Хан се удави 11. јуни додека се обидуваше да ги спаси сликите на Ким Ил-сунг и Ким Џонг-ил од поплавените домови во источната провинција на Јужен Хамкјонг. Нејзиниот живот згасна трагично во водата, а сликите завиткани во ќеси беа спасени.