Грчки полицаец си го заборавил службениот пиштол во кафуле

Од:

Грчки полицаец во атинско кафуле си ја заборавил чантата во која се наоѓал службениот пиштол, па сопственикот на кафулето преку бројот за итни случаи на полицијата го пријавил случајот и побарал да го најдат полицаецот, објави „То вима“.

Според нивните информации, полицаецот не само што го заборавил службеното оружје во кафулето во центарот на Атина, туку не се вратил ниту да го побара.

– Ве молам, ќе можете да го најдете и да го известите полицаецот што си ја заборави овде чантата со службениот пиштол, да дојде да ја земе?, рекол сопственикот на кафулето во телефонскиот повик до полицијата, пишува „То вима“..

Весникот пишува дека ова е само уште еден од неколкуте случаи на изгубени или украдени службени пиштоли на полицајци во изминатиот период. Досега биле регистрирани три случаи на кражба на полициско оружје во три полициски станици.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески