Курти: Дијалогот со Белград ќе го водам јас, а не Тачи

Од:

Лидерот на Движењето за самоопределување, Албин Курти изјави дека ќе побара смена на Хашим Тачи ако има доволно гласови во Парламентот.

– Најголемиот проблем што го имаме со претседателот е односот со Србија, бидејќи во последните две години тој беше многу проблематичен. Пред три години тој направи нешто незамисливо за нас, затоа што на некој начин се согласи на територијална размена со Србија, рече Курти.

Курти повтори дека се залага за „принципиелен дијалог“ со Белград и истакна дека САД презеле „водечка улога“ во дијалогот.

– Јас ќе го водам овој дијалог, претседателот ќе биде претседател. Тој е претставник за надворешна политика, но не и креатор, рече Курти.

Би можело да ве интересира

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада