Турското Министерство за одбрана: Продолжуваат нападите врз северниот дел од Сирија

Од:

Турското Министерство за одбрана соопшти дека копнените сили денеска продолжиле да напредуваат кон позиции на курдските борци на север во Сирија. Во соопштението не се дадени повеќе детали.

Турските трупи и нивни сириски бунтовнички сојузници почнаа вчера офанзива на североисток во Сирија. Во нападите вчера загинаа најмалку 15 цивили и повредени се над 20.

Сириските медиуми јавија дека турските ВВС денеска гранатирале во реонот на селото Рас ал Аин во северна Сирија. Сириската телевизија Ал Ихбарија јави дека во операцијата учествуваат копнени сили на турската армија.

Ал Џазира јави дека турската армија зазела неколку села во регионот.

Би можело да ве интересира

132 лица загинаа во конфликтот меѓу режимските сили и џихадистите во Сирија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел